ГИ ТЕРАЛ УЧЕНИЦИТЕ ДА СКАНДИРААТ „ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА“ – УАПСЕН Е ОБЕЗБЕДУВАЧ НА УЧИЛИШТЕ ВО БУГАРИЈА

0
149

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како мажот снима ученици и ги повикува да скандираат „Да живее Македонија“, а кога едно од децата ќе му возврати „Да живее Бугарија“, обезбедувачот низ смеа му довикнува „Ќе те претепам“. Припадник на обезбедувањето во училиштето „Никола Војводов“ во бугарскиот град Враца е приведен поради „антибугарски повици и коментари“, меѓу кои и терањето деца да викаат „Да живее Македонија“, се вели во прилогот на комерцијалната Бугарска телевизија (БТВ).

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледа како мажот снима ученици и ги повикува да скандираат „Да живее Македонија“, а кога едно од децата ќе му возврати „Да живее Бугарија“, обезбедувачот низ смеа му довикнува „Ќе те претепам“. Тој одел во живо на Тик-ток, фотографирајќи ги учениците, како и училишниот персонал. Ги нарекувал децата „изроди“, а користел и квалификации како „туркомонгол“ и „бугарофашисти“. Сите коментари се дадени во форма на смеа.

– Нашиот вработен, вратарот Петков, си дозволил нелегално да снима ученици, без дозвола од нивните родители. Ги снимал колегите, без нивно знаење, и емитувал во живо од неговото работно место, што е апсолутно кршење на работната дисциплина и етичкиот кодекс за работа со деца и ученици – изјави директорката на училиштето, Снежанка Каменова. На видеата обезбедувачот снимал и наставници без нивно знаење. Според директорката Каменова, двајца од професорите по историја тврдат дека не знаеле оти некој ги снима. Тие беа во фоајето, а тој им поставувал прашања поврзани со историски факти.

– Ова лице е вработено кај нас речиси година и половина. Тој пушташе гласна музика во портирницата, за што беше санкциониран со забелешка во октомври, но оттогаш немаме никакви забелешки против него – објаснува директорката Каменова. Таа додава дека поради сериозноста на инцидентот, на вработениот најверојатно ќе му биде врачен отказ.