Thursday, May 15, 2025
17.2 C
Skopje

ГИР : ОД ОГРОМНА ВАЖНОСТ Е ДА СЕ РАБОТИ НА ЦЕЛОСНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ПРЕСПАНСКИОТ, ОХРИДСКИОТ И ДОГОВОРОТ ЗА ДОБРОСОСЕДСКИ ОДНОСИ

Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија, секој на различен начин, имаат донесено значителни придобивки за земјава и вели дека затоа за Европската Унија е од огромно значење да се работи на целосна имплементација на трите договори.

-Преспанскиот договор за којшто се води толку жешка дебата во овој момент има донесено енормни придобивки за вашата земја. Трговијата меѓу Северна Македонија и Грција се има двојно зголемено по потпишување на Преспанскиот договор, развиена е културната соработка, а комуникацијата помеѓу народите на двете земји се има зајакнато исто како и соработката помеѓу двете земји и соработката на воено поле помеѓу војските на двете земји, рече Гир во одговор на новинарско прашање по отворањето на Европската куќа во Тетово.

Тој нагласи дека како резултат на потпишувањето на Преспанскиот договор се имаат зајакнато перцепцијата и позицијата на земјава на меѓународно ниво. Огромни придобивки, како што кажа, има и од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија.

-Токму поради таа причина за ЕУ е од огромна важност да може да се надгради оваа соработка и овие достигнувања коишто се направени досега и да се работи на целосна имплементација на сите три договори коишто ќе придонесат за поскоро зачленување, всушност за забрзување на евроинтегративниот пат на вашата земја, порача Гир.Како што рече, со нетрпение очекуваат да се формира што е можно поскоро стабилна влада којашто ќе ги преземе сите неопходни чекори за имплементација на сите реформи и зачленување на државата во Европската унија

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

МАЈКА НА ПОВРЕДЕН ВО КОЧАНИ: ПОВРЕДАТА Е ТОЛКУ ЧУВСТВИТЕЛНА ШТО ОД МИНУТА ВО МИНУТА СОЗДАВА НОВИ ПРОБЛЕМИ

Благица Сабовљевиќ-Стоименова, граѓански активист и мајка на повреден вели...

НАЈНОРМАЛНО Е ДА ИМАМ ПРЕКРАСНИ ОДНОСИ СО СРПСКОТО ДРЖАВНО РАКОВОДСТВО, ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ

Според вицепремиерот, влијанието на Србија во земјава се преувеличува,...

ИНЦИДЕНТ МЕЃУ ДЕМОНСТРАНТИТЕ И ПОЛИЦИЈАТА НА ВЛЕЗОТ НА СУДОТ ВО НОВИ САД

Пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ