Thursday, May 15, 2025
17.1 C
Skopje

ГИР : ЗГОЛЕМЕНА ВИСОКА КОРУПЦИЈА, ЗЛОУПОТРЕБА НА ЕУ ЗНАМЕНЦЕТО ЗА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК И ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА КОРИДОРИТЕ 8 И 10Д

„Се искажува загриженост во врска со политичката поларизација, особено во гласањето на реформите. Процесот за проширување во ЕУ бара консензус за клучните реформи. Извештајот забележува прекумерна, некогаш и непотребна употреба на ЕУ знаменцето. Има злоупотреба на знаменцето за Кривичниот законик и за законите за коридорите 8 и 10д. Во владеењето на правото не е забележан прогрес. Се забележува недостиг на доверба кон судиите, но и разрешувањето на екс претседателката на судскиот совет. Повикуваме да се усвојат препораките, а потсетуваме и на препораките од претходните години кои не беа имплементирани“, вели Гир.Евроамбасадорот посочи и дека нема никаков напредок во борбата со корупцијата, но и зголемена корупција на високо ниво.

„Борба со корупција, не е забележан напредок. Забележуваме случаи на корупција на високо ниво кои се зголемуваат. Тоа резултира со застарување на делата, што предизвикува голема загриженост. Извештајот ја пофали работата на ДКСК и ДЗР, но повикува препораките да се следат од страна на двете. Има ограничен напредок кај државната администрација. Условите во затворите се уште се лоши, особено во Идризово. Извештајот повикува посебни напори да се вложат во промовирање на недискриминација. Извештајот изразува и сериозна загриженост во врска со антиродовите кампањи“, посочи Гир.

Го посочи и менувањето на Уставот, односно дека односите со Бугарија се исклучиво во рацете на Македонија.„Сите јасно разбираме дека проширувањето е во наш, заеднички интерес. Сакаме Македонија да ја искористи оваа динамика. Извештајот доаѓа со можности. Сакаме Македонија да ја искористи оваа можност. Извештајот е на 120 страници и е многу сеопфатен. Севкупно, извештајот во врска со политичките критериуми, ја поддржува државата да продолжи“, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КОШТА: НЕМА ПЛАН ,,Б”, ИСПОЛНЕТЕ ГО ОНА ШТО Е ДОГОВОРЕНО

Европската унија очекува Северна Македонија да го исполни договореното за да...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ