Геро не си ФЕР :)

0
946

stojance-angelov

(06 април 2015)

БРАНКО ГЕРОСКИ: ЗНМ ГО БРАНИ БЛУЈАЧОТ НА ОТРОВИ?!
“Со некои постапки на генералот Стојанче Ангелов не се согласувам. Со некои од неговите пораки не можам да се идентификувам. Да бидам искрен, тоа е причината што ме одвраќа од намерата лично да се појавам на протестите пред МРТВ. Иако ја поддржувам целта на овие протести.
И мене не ми се допадна вербалната расправија што Ангелов ја предизвикал со уредникот на Нетпрес, Дејан Николовски. Постои време, место и начин за се, па и за кавги. При тоа, да се разбереме, зборувам за Дејан Николовски, човекот кој постојано блуе отрови за мене, најбезочно ме клевети и ме навредува, па дури поттикнува и на насилство кон мене.“
http://plusinfo.mk/mislen…/…/znm-go-brani-blujacot-na-otrovi

(09 април 2015)
БРАНКО ГЕРОСКИ: БЕЗРЕЗЕРВНА ПОДРШКА ЗА ПЕТРИТ САРАЧИНИ!!!
“Познато ми е како Нонковиќ безочно и неказнето го навредуваше Петрит Сарачини во тешки моменти. И сам сум ги почувствувал болните навреди и колвања на овој шакал на пропагандата на Груевски. И затоа, кога жртвите на овој режим не уживаат никаква правна заштита, јасно ми е зошто избувнал Петрит и како дошло до инцидентот, кој провладините портали го дуваат и жестоко го експлоатираат, за да оцрнат еден прекрасен човек и посветен граѓански активист.
Сакам јасно и гласно да кажам дека му изразувам јавна поддршка на Петрит Сарачини и безрезервно застанувам на негова страна!!!“
http://www.plusinfo.mk/…/branko-geroski-bezrezervna-poddrsh…

10 април 2015
АНГЕЛОВ: ДВОЈНИ АРШИНИ ГЕРО! 🙂
Героски! Ти благодарам што ме бранеше пред некој ден. Но не си фер! 🙂 Јас само се расправав со пропагандниот ѕвер на Режимот, Дејан Николовски! Притоа, не очекував дека ќе испадне толкава кукавица и дека нема да ми врати. Е сега… Во жарот на кавгата ми се испуштил и по некој навредлив збор! Но ни оддалеку толку навредлив како неговата клевета изречена кон мене! И што е уште поважно, барем не користев ладно оружје! 🙂

Героски! Како казна за презентираните двојни аршини, да те видам следната сабота во 12.00 часот, нацртан пред МРТ! 🙂 Ти нудам можност од говорница да кажеш со кои мои постапки не се согласуваш, со кои мои пораки не се идентификуваш но најмногу од сѐ, да проговориш за целта на овие протести која, како што и самиот кажа, целосно ја подржуваш!

Поканата важи и за Петрит Сарачини! Само, без шипка молам! 🙂

Геро! Колку и да ти звучи чудно, ние сме поголеми демократи од тебе!:) Го почитуваме туѓото мислење дури и кога не се согласуваме со него! И не ги бркаме луѓето подалеку од нас. Поради нивните поинакви постапки. Поради нивните различни ставови. Бидејки, за нас, ставовите се важни но целта е сѐ! Целта е слободата! Слободата на Македонија!

П.С. На овој тежок и тажен ден, Исус бил распнат на крст. Се жртвувал за сите нас. Во духот на неговото учење, да собереме сила за прошка на подржувачите на Режимот. Да се помолиме за нив. Да им прости Бог. Бидејки… Не знаат што прават.

10.04.2015
Генерал Стојанче Ангелов