- Во фазата кога на Зоран Заев не му е доволно да ги процесуира снимките и всушност сака јавно да ги сподели бидејќи јас сум човек од кој се очекуваше да ги објавува тие снимки.Човекот ме праша што мислам како да ги лиферува бомбите во јавноста, но тоа не го објасни во јавноста туку ја криеше содржината од ,,Вистината за Македонија”. Ми кажа дека на мој колега новинар би било добро да ги земе и да ги стави преку некои негови канали во Хрватска.
На Заев му реков дека не е само снимањето кривично дело туку и објавувањето на снимките каде за тоа мора да има одредба да ги направи на трети лица е кривично дело, мислам дека е 151 член од КЗ. Му викам ја кривично дело немам намера да правам бидејќи досега не сум направил и нема со тебе да направам нити да пренесувам од Јутјуб.
Уредникот на ,,Плусинфо”, Бранко Героски на подкастот во Радио Лидер