Героски : Депресивниот пилот Грујо мора да заврши во жолто комбе пред авионот да заврши во некои карпи!

0
719

Пред некој ден, од странски дипломат ми беше поставено вакво прашање – а што ако Груевски сепак не сака да се согласи со мирна транзиција? Дипломатот ми е добар пријател и не сакав да му одговорам остро. А требаше да му го кажам следново: 
Ние, братче, знаеме дека во кабината на нашиот авион е заклучен еден пилот кој има сериозни депресивни епизоди и слични проблеми. Тој човек, поради нашето невнимание, дошол во можност со 700 километри на час да го акне нашиот авион од земја. Ние немаме намера да загинеме и да го молиме тој лудак да ја отвори вратата и да ни дозволи да го преземеме управувањето со авионот. Ако треба, ќе ја скршиме вратата, ќе го фатиме за врат и откако безбедно ќе го спуштиме авионот, ќе го предадеме на жолтото комбе што ќе чека спремно.

Бранко Героски, Слободен печат