ГЕРМАНСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ РАСТЕРА ЕКОАКТИВИСТИТЕ ОД СЕЛОТО КОЕ ЌЕ СЕ УРИВА ЗАРАДИ ИЗГРАДБА НА РУДНИК

0
394

Активисти за заштита на животната средина се иселени од село во западна Германија што треба да се урне заради проширување на рудникот за јаглен, освен една двојка која избегала и се вовлекла во тунел, соопшти полицијата. Операцијата за иселување на климатските активисти кои се собраа на местото во селото Луцерат, чии жители одамна го напуштија, започна во средата наутро и постепено напредуваше во текот на следните денови. Полицијата ги избрка активистите од земјоделските објекти, неколкуте преостанати куќи и неколку десетици импровизирани куќички на дрво.

Во саботата, илјадници луѓе демонстрираа во близина против уривањето на инаку празното село и планираното проширување на рудникот за јаглен Гарцвајлер. Дојде до судири со полицијата додека некои демонстранти се обидоа да стигнат до селото, кое сега е оградено , и до рудникот. Екологистите велат дека проширувањето на рудникот Гарцвајлер ќе предизвика огромни количества загадувачки гасови, а владата и комуналната компанија RVE тврдат дека јагленот е потребен за да се обезбеди енергетската безбедност на Германија.