Германската амбасадорка Алтхаузер: Без балансирано медиумско известување, пречистен избирачки список и одвојување на државата од партијата не може да има кредибилни избори

0
333

Изборите не означуваат крај на еден процес, туку се само еден од многуте чекори кои земјата треба да ги преземе за да ја врати својата евроатлантска перспектива, изјави денеска германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер.

– Без балансирано медиумско известување, пречистен избирачки список и одвојување на државата од партијата не може да има кредибилни избори – оцени Aлтхаузер.