57-годишна жена од Германија вчера била уапсена на скопскиот аеродром при обид да ја напушти државава, откако било утврдено дека го пречекорила дозволениот туристички престој, соопшти МВР.
„На 08.10.2024 во 06.50 часот на Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници ја привеле З.Б.С.(57) од Сојузна Република Германија затоа што при пасошка контрола било констатирано дека го пречекорила дозволениот туристички престој во државата. Таа била предадена на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје за понатамошна постапка“, велат од полицијата.