Германската Влада донела одлука да престане да прима барања за азиод од државјаните на Сирија. Германската агенција ДПА објави дека одлуката ќе стапи на сила веднаш. Австријскиот „Кроне“, објави дека и австријската влада одлучила да ги стопира сите барања за азил кои ги поднеле државјаните на Сирија.
Истовремено, властите во Виена одлучиле да стопираат и барања за воспоставување на брак, кои ги поднеле Сиријците. Повеќе од 6,2 милиони бегалци ја напуштија Сирија во последните 13 години од граѓанската војна во земјата. Голем дел од нив дошле во Европа преку Турција.