Monday, May 19, 2025
5.8 C
Skopje

ГЕРМАНИЈА ИМ НУДИ НА СИРИСКИТЕ СЕМЕЈСТВА ДО 4.000 ЕВРА ЗА ДА СЕ ВРАТАТ ВО СИРИЈА

Германија им нуди на сириските семејства до 4.000 евра за да се вратат во својата земја / AFP

Според податоците на Сојузната канцеларија за миграција и бегалци, од почетокот на новата власт во Дамаск, 464 Сиријци се вратиле во Сирија со поддршка на оваа програма.

Германија им нуди до 4.000 евра по семејство како стимул за Сиријците кои доброволно ќе се вратат во својата земја, соопштија германските власти, додавајќи дека над 460 лица веќе ја искористиле оваа можност во последните неколку недели, јавува Анадолу.

Според податоците на Сојузната канцеларија за миграција и бегалци, од почетокот на новата власт во Дамаск, 464 Сиријци се вратиле во Сирија со поддршка на оваа програма.

Во рамките на програмата, полнолетните повратници добиваат до 1.000 евра како почетна помош, додека малолетните лица имаат право на 500 евра.

Дополнително, се доделуваат патни трошоци – 200 евра за возрасни и 100 евра за деца, како и медицинска поддршка до 2.000 евра, доколку е потребна.

Финансиската помош е дел од стратегијата на Германија за поттикнување на враќањето на сириските бегалци, откако дојде до политички промени и подобрување на безбедносната состојба во Сирија.

Од почетокот на граѓанската војна во Сирија во 2011 година, стотици илјади Сиријци побараа засолниште во Германија.

Во моментов, во земјата има 700.000 сириски бегалци, а вкупната популација со сириско потекло – вклучувајќи лица со постојан престој и двојно државјанство – изнесува речиси 1,3 милиони, според официјалните податоци.

Извор : ТРТ Балкан

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

И АРБЕН ФЕТАИ ГО НАПУШТИ ТАРАВАРИ: ОВА НЕ Е БОРБА ЗА ПОЕДИНЕЦ, ОВА Е БОРБА ЗА ДОСТОИНСТВО

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење и висок...

ВИТКОФ: ОЧЕКУВАМ УСПЕШЕН РАЗГОВОР МЕЃУ ТРАМП И ПУТИН

Главниот преговарач на американскиот претседател Стив Виткоф, кој работи...

ХАЈРЕДИНИ: ГОЛЕМА ГРЕШКА Е ДОКОЛКУ СТАВРЕСКИ ЈА ЗАМЕНИ АКТУЕЛНАТА ГУВЕРНЕРКА БЕЖОВСКА

Премиерот Христијан Мицкоски би направил голема грешка доколку се...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ