ГЕРМАНИЈА ЗА ПРЕСПА : ВАЖНО Е ДА НЕМА СОМНЕЖ ДЕКА НОВАТА ВЛАДА ГИ ПОЧИТУВА ОБВРЗУВАЧКИТЕ ДОГОВОРИ

0
137

„Преспанскиот договор е обврзувачки според меѓународното право. Тој важи и Северна Македонија е обврзана на него. Мислам дека е многу важно за позиционирањето како доверлив партнер во меѓународната заедница да не се појави сомнеж дека обврзувачките договори според меѓународното право ќе бидат почитувани и од идната влада“, вели Петра Дрекслер.

360°: Новата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, а и во партијата што најверојатно ќе ја предводи идната влада, сметаат дека усно не мора да го користат уставното име на земјава. Во Грција не мислат така. Кој е Вашиот став?

Петра Дрекслер: „Фактичката состојба е сосема јасна. Преспанскиот договор е обврзувачки договор според меѓународното право. Тој важи и Северна Македонија е обврзана на него. Мислам дека е многу важно за позиционирањето како доверлив партнер во меѓународната заедница да не се појави сомнеж дека обврзувачките договори според меѓународното право ќе бидат почитувани и од идната влада.“
360°: Ако земјата биде блокирана на патот кон ЕУ, постои ли ризик за зголемено незападно влијание и кои би биле последиците од тоа?

Петра Дрекслер: „Од германска перспектива е сосема јасно. Северна Македонија, земјите од Западен Балкан припаѓаат во ЕУ. Ние не сакаме и не можеме да си дозволиме сиви зони во Европа. Сакаме заедно да работиме на тоа нашата Европска Унија да биде уште посилна. Сосема е јасно, за нас Северна Македонија припаѓа во ЕУ.

Целото иинтервју на Владимир Мирчевски новинар од 360 мк со Германската амбасадорка Петра Дрекслер прочитајте го тука