ГЕРМАНИЈА ГО ПОВИКА ПУТИН ДА НЕ ИГРА СО ,,ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ” ВО УКРАИНА

0
411

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок апелираше до рускиот претседател Владимир Путин „да не си игра со човечки животи“ во Украина.

– Упорно апелирам до руската влада, до рускиот претседател: Не си играјте со човечки животи, нагласи Баербок во Брисел при пристигнувањето на состанокот на Европскиот совет за надворешни работи.

– Навистина неодговорната игра со граѓанското општество и со луѓето во окупираните области  од двете страни – е неодговорна, додаде таа.

– Нападите, насилниот конфликт што го доживеавме во последните 72 часа се навистина алармантни, прекинот на огнот постојано се прекинува и животите на луѓето се многу загрозени поради прекинот на снабдувањето со вода и електрична енергија, рече таа.

Таа повика на враќање на преговарачка маса.

-Тоа е во ваши раце. Седиме на маса секој час и секоја минута. Ве чекаме заеднички да се грижиме за мирот и безбедноста во Украина.