
Наши гости денеска беа Вјеран Пиршиц, Експерт од Енергетска Задруга Еко-Кварнер Крк од Хрватска, Каја Шукова Министерката за животна средина како и претставници од Министерството за транспорт и врски, Регулаторната Комисија за енергетика и членови на Фондацијата ,,Фридрих Еберт”.
Општина Центар досега постави фотоволтаични централи на покривот на градинката ,,Пепелашка”, а вакви централи ќе бидат поставени на сите градинки и основни училишта.
Вложувањето во самоодржливоста носи Енергетска ефикасност, локален раст и развој и бенефит на многу следните генерации.