Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски најавува настан со учество на познати македонски уметници и членовите на хорот “Златно славејче” на 25 јануари наредната година, кога ќе се одбележи двегодишнината од неговата смрт.„Навистина е задоволство да се има муралот на доајенот Александар Џамбазов кој со својот неверојатен творечки опус остави неповторлив белег во својата професија и нашата историја.
Тој беше автор на детски песни, иницијатор за формирање на фестивалот „Златко Славејче“, пишувач на сценска и филмска музика, македонски диригент и композитор и великан на современата македонска музика. Настанот на 25 јануари ќе претставува своевидно потсетување на музичкиот опус на основачот на детскиот фестивал и доајен Александар Џамбазов“, вели Герасимовски.Минатата година за 70-от роденден на Горан Стефановски, градоначалникот Горан Герасимовски со наслов од Горан за Горан подари мурал од Стефановски насликан на ООУ „Коле Неделковски“. Летово на Културниот центар „Јадро“ и ООУ „Димитар Миладинов“ насликани беа графити инспирирани од 60-та годишнина од земјотресот во Скопје.