
„Квалитетната и сеопфатна детска заштита подразбира континуирано подобрување на условите во градинките и грижа за најмладите. Затоа работевме на обновување на кровната конструкција и во објектот Пинокио со цел да придонесеме за уште подобри услови за престој на децата особено во зимските и дождливите периоди. Паралелно инвестициите во внатрешноста на градинката и просториите ќе придонесат за поквалитетен воспитно образовен процес и зголемен комфор за децата“, порача Герасимовски.
Покрај реконструктивните работи Општина Центар обезбеди и дидактички материјали за сите деца од градинката. Општина Центар и понатаму ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните со цел да се задоволат потребните услови за згрижување на децата во градинките според најсовремените стандард.