Демократијата не се искажува со насилство, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во емисијата “Само вистина” на Канал 5, коментирајќи ги денешните инциденти во Собранието кои ги предизвикаа пратениците од Левица. “Невкусно и неубаво е во храмот на демократијата, во едно цивилизирано општество, некој на ваков начин да ги искажува своите идеи и размислувања. Целосно го осудувам ова недолично однесување. Ова не е начин на дебата и дискусија”, истакна Герасимовски.
ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ