ГЕРАПЕТРИС : ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА Е МЕЃУНАРОДЕН, НЕ СЕ МЕНУВА И РЕВИДИРА ЕДНОСТРАНО

0
99

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис говорејќи за грчкото радио „Talk radio 98.9“ уште еднаш повтори дека Договорот од Преспа е меѓународен ратификуван договор и не може да се менува и да се ревидира еднострано.
– Она што секогаш го потенцираме е дека независно од разликите, од идеолошките и политичките разлики што може да ги има ги има новото политичко раководство кон Договорот од Преспа, тоа е меѓународен договор што е ратификуван.

Не се менува и не се ревидира еднострано од страните. Претставува една многу основна точка врз која се изградија меѓународните односи на Северна Македонија. Се подразбира дека Европската унија ги оценува прашањата од Договорот од Преспа и целосното и доследно спроведување и затоа мислам дека политичкото раководство на Северна Македонија ќе ги оцени овие прашања и ќе се усогласи со барањата од Договорот од Преспа, истакна Герапетритис.

Шефот на грчката дипломатија повтори дека неговата партија Нова Демократија која како тогашна опозиција гласала против Преспанскиот договор и ги нотирала сивите точки од меѓународниот документ кој во 2018 година беше потпишан, а го договорија тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас од СИРИЗА.

– За мене она што е важно е дека треба ги почитуваме договорените работи, не затоа што се согласуваме со договореното, туку затоа што е договор за континуитетот и стабилноста и во секој случај не можеме да создаваме еднострана рамка врз која ќе се градат политички кариери, посочи шефот на грчката дипломатија.Грчкиот министер ги демантираше натписите во грчките медиуми дека учествувал во составувањето на Договорот од Преспа, истакнувајќи дека не знаел ниту еден ред од текстот пред јавно да се објави.