Sunday, March 23, 2025
9.8 C
Skopje

ГЕОРГИЕВ: СВЕТОТ МИНУВА НИЗ ТЕМЕЛНО ПРЕСТРОЈУВАЊЕ, ТРАМП Е МОТОРОТ

Гордан Георгиев од Форум за разумни политики во гостување на емисијата „Вин Вин“ на ТВ Телма рече дека „Вториот мандат на Трамп е резултат на нешто што е долго 30-тина години, ферментирано и во главите на луѓето, и во главите на мислителите и во главите на светската политичка мапа. Трамп е моторот, погонското гориво, но не е кауза прима на целата приказна“.

Според него, неколку политичко-социолошки причини се важни за да дадат контекст во целата работа, бидејќи, како што нагласи, „се случува големо преуредување на светот, а македонската јавност е недоволно информирана на таа тема“. „Прилично површно ги гледаме работите. Како, условно кажано, да седиме со пуканки пред телевизор и гледаме што ќе се случи следниот ден“, вели Георгиев. Според него, првата или големата причина е природата на капитализмот или неолибералниот изданок на капитализмот.

„Тој создаде огромни разлики во профитите, создаде огромни дискрепанци. На бранот на тој капитализам ни се случи една глобализација во последните 30-40 години која што дополнително го акцелерираше тоа, пред сè зборувам за економско-финансискиот глобализам кој што не е умрен. Со оваа изолација што ја кажуваме дека „Америка на прво место“ и сака Трамп да ја изолира од светот. Нема да умре, бидејќи Трамп е еден од носителите на глобализмот и еден од луѓето и лично кои што профитирале од тој глобализам“, смета Георгиев. Третата работа, според Георгиев, е дека потребата за доминација и моќ во светот, каков што е поставен, сè уште постои.

„Големите држави особено, па и помали, го сметаат светот за претесен, сметаат дека има премногу непријатели околу и цело време сме во некоја перманентна битка, не само за задолжување, туку да видиме и до каде може да се простира нашата моќ и имагинација во таа моќ. Неверојатно е дека ни се случува Украина во 2025 година, неверојатно е дека Газа ни се случува, бидејќи од друга страна имаме толку културолошко-општествени придобивки од богатство, богати народи, богати држави, итн. до овие индивидуални права кои без малку до вчера, пред да постои Трамп, цветаа во либералниот свет“, вели Георгиев.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОЗНАТИОТ БУГАРСКИ АКТЕР, ФИЛИП БУКОВ ДОНИРАШЕ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ

Познатиот бугарски актер Филип Буков демонстрираше исклучителна хуманост со...

МИРЕН СОБИР ВО ШТИП: ,,ВИЕ ГО ЗАПАЛИВТЕ ПЛАМЕНОТ, СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА ОГАН”

На мирен собир во Штип вечерва граѓаните им оддаваат...

НИКОЛОСКИ: ОДЗЕДОВМЕ 427 ЛИЦЕНЦИ

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски информираше дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ