ГЕОРГИЕВСКИ : 2023 СО РЕКОРДЕН БУЏЕТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ЗА ПОГОЛЕМО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО

0
475

Прес-конференција на СДСМ, Гоце Георгиевски, Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Почитувани,

Светската економска криза, покажа колку е важно домашното производство на храна и земјоделски производи.

Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство преку навремени и ефикасни мерки му помагаа на македонското земјоделство со цел да го зголеми производството и тоа да биде што поконкурентно на светските пазари.

Претходната, 2022 година ја завршивме со рекордни 140 милиони евра исплатени во земјоделството. Таа грижа, таа поддршка продолжува и во 2023 година со нови 150 милиони евра поддршка.

За оваа 2023 година имаме рекорден износ на земјоделскиот буџет и соодветно на тоа зголемени износи на програмите и мерките за директни плаќања.

Согласно новиот модел на субвенционирање и авансната исплата на субвенциите, за оваа година предвидени се дури седум милијарди денари за субвенции кон вистинските земјоделци.

2023 година ќе биде година на големи можности за земјоделците.

Една од клучните промени за 2023 е Програмата за рурален развој, која прераснува во инвестициска програма со буџет од една милијарда и педесет милиони денари.

Преку оваа програма и во 2023 ќе ги реализираме сите позитивни мерки кои постигнаа одлични резултати и огромен интерес кај земјоделците. Тоа се мерките рурална жена, млад земјоделец, набавка на опрема, системи за наводнување и сл

Истовремено се зголемуваат и средствата од ИПАРД 3 програмата која има за цел модернизација на домашното земјоделство.

Сето ова почитувани е показател за грижат на СДСМ кон земјоделството и земјоделците.