ГЕОРГИЕВСКИ : 200 МИЛИОНИ ДЕНАРИ НАЗАД КАЈ 40.000 ЗЕМЈОДЕЛЦИ, ВО ТЕК Е РАСПРЕДЕЛБА НА КАРТИЧКИ ЗА ЗЕЛЕНА НАФТА

0
227

Прес-конференција на СДСМ, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ

Почитувани

Грижата за земјоделците и земјоделството останува еден од врвните приоритети на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.
За тоа сведочи мерката „зелена нафта“, која е една од најзначајните мерки која ја ветивме за земјоделците и ја остваруваме во континуитет, веќе трета година по ред.
Како одговорна власт, го субвенционираме најголемиот трошок во земјоделското производство, а тоа е нафтата за земјоделската механизација.
Оваа година како и лани, државата субвенционира 50% од трошокот за нафта, што на земјоделците им дава можност да точат гориво за цена која е половина поевтина од пазарната.
Над 40.000 земјоделци или точно 40.620 земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта, а вкупната вредност на оваа мерка е 200 милиони денари или близу 3,2 милиони евра,
Ова се сериозни средства кои завршуваат назад кај земјоделците токму во време кога имаат најмногу активности на поле.
И покрај сите предизвици предизвикани од пандемијата со КОВИД-19, успеавме да го заштитиме земјоделскиот сектор. За нас зборот е збор и успеваме да исполниме се што ветивме пред граѓаните.
Досега исплатени се околу 84% од предвидените средства за субвенции, а започната е и распределбата на картичките за зелена нафта низ целата држава.
Дадовме ветување дека до 2024 година, висината на поддршката за “зелена нафта ќе достигне до 100% и тоа ќе го реализираме.
Инвестициите ќе продолжат со засилено темпо и во наредниот период  за да бидеме конкурентни на светските пазари и за да можеме партнерски да го делиме постигнатиот успех.
СДСМ и понатаму продолжува да го трасира патот кон развиено земјоделство и подобрени услови за земјоделците.