ГЕОРГИЕВСКИ : ОВИЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ СЕ НАЈБЕЗБОЛНИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 30 ГОДИНИ, НЕ ЗНАМ ЗОШТО НЕКОИ ПАРТИИ ПРАВАТ ДРАМА ОД ТОА, СО ВАКОВ ПОПУЛИЗАМ САМО ШТЕТА И ПРАВАТ НА ДРЖАВАТА

0
1017
  • Без сомнение во овие уставни промени што треба Република Северна Македонија да ги направи има и во небото виси тоа чувство на уцени и од бугарска страна и од ЕУ.

    Меѓутоа она што можам да го кажам е дека Македонија во овие 30 години под притисок под закана под не знам што направи десетина крупни промени, и сите тие беа многу потешки и многу пожестоки.

    Ова што сега од нас се бара внесување на бугарите во преамбулата на уставот заедно со уште други пет народи ја претставува најбезболната промена која Македонија мора да ја направи во овие 30 години.

    Не знам некои политички партии го драматизираат до ова ниво на кое го слушаме секој ден, вклучително и денеска од некои политички лидери.

    Сметам дека нема никаква драма и повреда на оваа уставна измена, дури имаме и потврда на македонскиот идентеитет, и тоа е димензијата што треба да ја направиме кон ЕУ.

    Така што сметам дека за мене нема драма и дека некои политички партии го прават тоа на некој начин кој покрај популизмот тоа ќе и нанесе штета на Република Северна Македонија.

Љубчо Георгиевски во ТВ24