Георгиевски и ВМРО-НП денеска ќе решат дали ќе ВИСАТ ЗАЕДНО СО Груевски или ќе се приклучат кон опозицијата

0
626

ВМРО-НП денеска на седница на извршниот комитет ќе расправа за тоа кон која политичка опција ќе се приклучи пред изборите закажани на 11 декември, дознава „Мета“. Отворени се две можности, од кои едната е опозициската десна партија да се придружи на десниот блок во уривање на сегашната владејачка гарнитура и втората отворена можност е ВМРО-НП да влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а во иднина и да се претопи во својата некогашна матична партија.

Дека има разговори со владејачката партија, потврди и членот на извршниот комитет на ВМРО-НП, Ламбе Арнаудов. Тој во синоќешното интервју за телевизијата „24 Вести“ рече дека се разговарало за пакет со владејачката партија и вели дека за тоа како ќе настапат на изборите, одлучува членството на партијата.

Исто така, се дознава дека во партијата има длабока поделеност помеѓу членовите за тоа како ќе настапат пред изборите, а за можните коалиции најверојатно ќе се знае вечерва по завршувањето на состанокот на извршниот комитет.

Од ВМРО-ДПМНЕ засега не ја коментираат понудата за ВМРО-НП, а без коментар за новиот развој на настаните на политичката сцена се и од опозицискиот СДСМ.

Извор: Мета