Георгиевски: Го проширивме капацитетот на градинката” Морковче” во Јурумлери, листите на чекање за упис во градинките стануваат минато

0
262

Изјава на Борис Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба

Градинката “Морковче” во Јурумлери конечно го доби потребниот капацитет за децата. Доградбата на новата занимална од 74 квадратни метри, овозможува сместување на 24 деца, а канцеларискиот простор кој не се користеше, е пренаменет во јасли, со капацитет за нови 22 деца, а со тоа се доби уште една дополнителна занимална.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски и министерката за труд и социјална политика, денеска и официјално ја отворија доградбата на градинката “Морковче”.

Георгиевски посочи дека оваа градинка сега располага со капацитет за 120 деца кои ќе бидат поделени во групи, соодветни на секоја возраст, можност што досега ја немаа.

  • Родителите можат да бидат спокојни, затоа што листите на чекање сега се веќе минато во Јурумлери. Со добар план и стратегија, решивме горлив проблем во ова населено место. Општина Гази Баба за оваа намена издвои 2 милиони и 570 илјади денари, а со 500 илјади денари, средства од Министерството за труд и социјална политика ја до опремивме градинката. За 2 години успеавме да го зголемите капацитетот во градинките за 220 деца. Дополнително овој период се работеше на подготовка на проекти за изградба на нови детски градинки во Ќерамидница, Инџиково, Синѓелиќ и Трубарево, со што дополнително ќе биде зголемен капацитетот во детските градинки, рече Георгиевски.

Градоначалникот најави дека и понатаму се грижи за најмалите и дека продолжува да работиме за целосно решавање на проблемот со капацитетот во градинките, за родителите без проблем да ги запишуваат своите деца во овие установи.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска посочи дека како Влада посветено работат на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за 50%, за што забрзано се зголемуваат капацитетите во детската заштита.

  • На овој начин преку инвестициите во градинките инвестираме во раниот детски развој, а со тоа и во иднината на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари и обезбедени се дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки, рече Царовска.