ГЕОРГИЕВСКА : ПОЕДНОСТАВНИ ПРОЦЕДУРИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ФОТОВОЛТАИЦИ ВО ДОМОВИТЕ И ФИРМИТЕ, СИТЕ ПРАТЕНИЦИ ДА ГИ ПОДДРЖАТ ИЗМЕНИТЕ

0
649

Прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

На предлог на надлежното министерство, Владата усови законски измени за поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите.

Се укинуваат барањата до општината за да поставите фотоволтаик и сами да си произведувате струја.

Наместо барање доволно ќе биде само да ја известите општината дека се поставува фотоволтаик со копија од лична карта, имотен лист за објектот или договор за закуп, како основен проект и документите од лиценцираната компанија која ќе го поставува.

Отстранувањето на досегашните административни пречки ќе им помогне на граѓаните и фирмите побрзо да доаѓаат до посакуваните фотоволтаици, особено значајно во време на енергетска криза.

Со измените и дополнувањата на Законот за градење, се овозможува на објектите во индивидуална сопственост да бидат поставени фотонапонски електрани со моќност од 6 киловати, а на стопанските објекти со моќ до 40 киловати.

Овој предлог наскоро ќе се најде и пред пратениците во македонското Собрание. Очекувам и повикувам сите пратеници, да покажат одговорност и да ги поддржат овие законски измени.

СДСМ и коалицијата, преку Владата што ја предводат преземаат мерки веќе 1 година за намалување на ценовните шокови, ублажување на последиците кои ги чувствуваат сите граѓани и компаниите.

За граѓаните да бидат заштитени да може да го издржат притисокот врз семејните буџети Владата односно државата обезбедува субвенционирање на 80% од цената на сметката за струја за граѓаните. Тоа е сериозна мерка со што граѓаните плаќаат само околу 20% од цената.

Во овој момент сите граѓани, но и 72.000 мали потрошувачи, а тоа се помали приватни компании добиваат 80% субвенционирана цена на електрична енергија.

Зголемено е и домашното производство на струја, се ставаат во функција сите расположливи капацитети и енергетски потенцијали, како и од нови обновливи извори на енергија.

Тука се и нашите социјалдемократски политики за покачување на платата, за поврат на ДДВ, за минималната плата, цел еден сет на економски мерки за поддршка на стандардот на граѓаните.

Тоа е одговорно и државнички во време на светска енергетска криза.