Генијалец: Се обидел да направи селфи, па срушил споменик од 19-ти век

0
789
Во последно време навистина не е реткост некој да се доведе себеси во опасност, или пак да уништи нешто во близина благодарение на популарните селфи фотографии.

Некои туристи поради добра фотка воопшто не се грижат за околината и подготвени се и да уништат историско и културно богатство. Оваа недела еден дечко уништи споменик на португалскиот крал кој бил изработен во 19-ти век.

Споменикот бил сместен на влезот на железничката станица во Росио, Португалија, а неименуваниот 24-годишен дечко се качил на поменикот за да направи селфи со кралот. Меѓутоа, тој наместо да направи селфи, со срушил споменикот и целосно го уништил.

https://youtu.be/4sv7gQG5bpQ

Тој веднаш се обидел да побегне од местото на настанот, но полицијата набрзо го фатила, па сега пред него е судски процес. Засега не е познато колкава казна му се заканува на „вандалот“ со селфи фотографијата.

Дон Себастијао владеел со Португалија во втората половина од 16-ти век, а железничката станица во Росио каде што бил поставен неговиот споменик е дел од културното богатство и се наоѓа под посебна заштита на државата.