ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ : ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ СМЕЕ ДА ЗАБРАНУВА ЕМИТУВАЊЕ НА РАЗГОВОРИТЕ КОИ ГИ ОБЈАВУВА ОПОЗИЦИЈАТА А КОИ СЕ ПРЕПОЛНИ СО КРИМИНАЛ!!!

0
625

stojance-angelov

СОВЕТ ЗА ЕТИКА ВО МЕДИУМИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

Почитувани,

Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите во Македонија изразува сериозна загриженост поради двосмисленоста на соопштението лиферувано од Обвинителството на ден 03.02. 2015 г. со кое предупредува веднаш да запре објавувањето и емитувањето видео и аудио материјали по обзнанувањето на акцијата “Пуч”, притоа неценејќи ги актуелните политички и социјални состојби.

Би сакале да го известиме Јавното обвинителство дека, во согласност со чл. 272 и чл. 273 ст. 3 од ЗКП, секој може да пријави кривично дело, а повод за постапување на Јавниот обвинител е и допрениот глас, па оттука е неразбирливо зошто Јавното обвинителство би побарало забрана за информирање од медиумите кои се еден од основните извори за постапување на Обвинителството, а чие постоење е гарантирано со чл. 16 од Уставот на РМ. Од соопштението останува и нејасно на кој начин новинарите однапред би знале кои материјали би можеле да станат предмет на натамошна кривична постапка ?

СЕММ ги известува медиумите и новинарите, дека имајќи ги предвид домашните и меѓународните нормативи на кои Република Македонија е потписник, немаат причина за загриженост ДОКОЛКУ ГИ ПОЧИТУВААТ.

Република Македонија е потписник на Европската конвенција за човекови права и е должна, меѓу другото, во целост да го почитува членот 10 за слободата на изразување.

Во согласност со чл. 16 од Уставот на РМ се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата. Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање. Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во sредствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање. Цензурата е забранета.

Во согласност со чл. 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, aудио и аудиовизуелните медиумски услуги не смеат да содржат програми со кои се загрозува националната безбедност, се поттикнува насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, се повикува на воена агресија или на оружен конфликт, sе поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа на раса, пол, религија или националност. Посебните забрани од ставот (1) на овој член треба да бидат во согласност со практиката на Европскиот суд за човекови права.

На тој начин, според пресудите на Европскиот суд за човекови права Observer and Guardian против Обединетото Кралство од 1991 год. и Vereniging Weekblad Bluf против Холандија од 1991 год., се поставува принципот дека, откако ќе се дадат во јавноста, информациите за националната безбедност не може да се забрануваат или авторите да се казнуваат на нивното испраќање.

Во пресудата Observer and Guardian, Судот наведува дека “слободата на изразување претставува една од суштинските основи на едно демократско општество, а според ст. 2 од чл. 10, тоа се применува не само за “информации” и “идеи” што се примаат со благонаклоност или се сметаат за ненавредливи или како прашање на индеферентност, туку и за оние што навредуваат, шокираат или вознемируваат. Овие принципи се од особена важност кога станува збор за печатот (медиумите).

Додека не смеат да ги пречекорат утврдените граници со закон, меѓу другото, во “интерес на националната безбедност”, сепак тие се должни да испраќаат информации и идеи за прашања од јавен интерес. Не само што печатот има задача да испраќа информации и идеи, туку и јавноста има право да ги прима. Во спротивно, печатот не би можел да ја игра својата витална улога на “ЈАВЕН ЧУВАР”.

Чл.10 од Конвенцијата не содржи забрана за наметнување претходни ограничувања за објавување. Од друга страна, опасностите што ги носат претходните ограничувања се такви што тие повикуваат на највнимателно испитување од страна на Судот. Тоа посебно важи кога станува збор за печатот, бидејќи вестите се производ со краток рок на траење и одложувањето на нивното објавување, дури и за краток период, може да им ја одземе сета вредност и интерес.

Воедно, медиумите и новинарите при вакви состојби во својата работа треба да се водат и од чл. 3 и 4 од Декларацијата за слободата на политичката дебата во медиумите усвоена од Советот на Европа на 12.02. 2004 г., каде се вели дека „политичките личности одлучиле да апелираат на довербата на јавноста и прифатиле да бидат предмет на јавна политичка дебата, а со тоа и предмет на надѕор на јавноста и на потенцијално силна јавна критика, по пат на медиумите, во поглед на начинот на кој ги извршувале или ги извршуваат своите функции, во онаа мерка во која тоа е неопходно, поради обезбедување транспарентност и одговорно извршување на функцијата“.

Ги потсетуваме новинарите дека, во согласност со преамбулата од Кодексот на новинарите на РМ, следејќи ја нивната улога во градењето на демократијата и на цивилното општество, тие ќе ги бранат човековите права, достоинството и слободата, ќе го почитуваат плурализмот на идеите и ставовите, ќе придонесуваат во јакнењето на правната држава и во контролата на власта и на другите субјекти од јавниот живот.

Со почит,
Комисија за жалби при СЕММ