Wednesday, June 18, 2025
32.8 C
Skopje

ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ СЕ ,,СЕЛИ” ВО ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Стојанче Ангелов, досегашен директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), е новиот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Владата го назначи Ангелов на местото на Џеват Селами од коалицијата „Вреди“, кој се наоѓа во домашен притвор во рамки на истрагата за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март, во кој загинаа 62 лица. Од ЦУК потврдуваат дека Ангелов ја напушта функцијата и преминува во ДЗС, каде ќе го преземе раководството во чувствителен момент за институцијата.

Во тек е и идејата за спојување на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување во една единствена институција. Овој чекор е дел од поширок план за унапредување на националниот систем за кризни ситуации, како и исполнување на барањата и стандардите на НАТО, особено во делот на координација, подготвеност и брза реакција во случаи на природни и техничко-технолошки катастрофи.

Очекувањата се дека Ангелов ќе има клучна улога во процесот на интеграција и реорганизација на двете институции, со оглед на неговото досегашно искуство во управување со кризни состојби. Со преместувањето на Ангелов, директорската позиција во ЦУК ќе ѝ припадне на кадар од коалицијата „Вреди“, што се смета за политички договор со цел одржување институционална стабилност и континуитет.

ОВАА НЕДЕЛА

ТРАГЕДИЈА: ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА НА ГРЧКА ПЛАЖА

Пребарај.. МАКФАКС РЕГИОН Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во...

ВОЛСТРИТ ЖУРНАЛ: НА ИЗРАЕЛ МУ СНЕМУВА ОДБРАНБЕНИ ПРЕСРЕТНУВАЧИ НА РАКЕТИ

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се...

ОСУМ МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ЕВАКУИРАНИ ОД ИЗРАЕЛ

Вкупно 28 лица побарале евакуација по воените дејствија. Втората...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ