ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ПРИСУСТВУВАШЕ И УЧЕСТВУВАШЕ НА ОТВОРАЊЕ НА СПАСИТЕЛНА ВЕЖБА ,,МРЕЖИЧКО 21″ НА СПЕЛЕОЛОШКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

0
166

Денеска се одржа СПАСИТЕЛНА ВЕЖБА МРЕЖИЧКО 2021, Кавадаречко, на којашто присуствуваше Стојнче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управуавње со кризи (ЦУК), којшто и активно учествуваше и на отворњето и на една од точките за извежбување – преминување со јаже над длабока клисура. Покрај него, на вежбата и на отворањето беше и Беким Максути, директор на ДЗС.

Вежбата почна со поставување спасителен ешалон и свечено давање почесен рапорт на Ангелов од ЦУК и Максути од ДЗС.

Активноста опфаќа користење на техниките на единечно јаже (single rope techniques), традиционално користена при спелеолошки активности и спасувања во пештери, и нејзина примена во урбана средина. Целта е увежбување на тимовите за подготвеност за спасување / извлекување лица од слични објекти (непристапни локации во урбана средина), за што техниките на единечно јаже се најсоодветни. „Спасителна вежба Мрежичко 2021“ е дел од активностите на Спелеолошка Федерација на Македонија за подобрување на подготвеноста за спасување на лица од непристапни средини.