ГЕНЕРАЛ СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ : ПОЧИТУВАН ПРЕТСЕДАТЕЛЕ ПЕНДАРОВСКИ ДА ВЕ ПРАШАМ КОГА ПЛАНИРАТЕ ДА ГИ ОДЛИКУВАТЕ ЖИВИТЕ МАКЕДОНСКИ БРАНИТЕЛИ ОД 2001-ТА КОИ ХРАБРО СЕ БОРЕА ЗА ТАТКОВИНАТА И ЈА БРАНЕА МАКЕДОНИЈА?!

0
683
Почитуван претседателе Пендаровски!

Внимателно го слушав Вашиот вчерашен говор по повод денот на македонската Армија.

Меѓу другото, Ви честитам на вашата иницијатива за одликување со Орден за воени заслуги на сите храбри припадници на нашата Армија кои биле во мисија во Авганистан.

Но, ја користам оваа прилика да потсетам и прашам, до каде е иницијативата за одликување на тројцата наши, починати, армиски и полициски генерали, кои ја предводеа одбраната на Македонија во 2001-та, иницијатива поднесена од Достоинство во февруари оваа година?

Воедно, да најавам и прашам, кога на ред за одликување ќе стигнат живите македонски херои, бранителите од 2001-та кои храбро и пожртвувано ја бранеа татковината, се бореа за Македонија?

Почитуван Претседателе, некои зли јазици, свесно или несвесно, плански или не, почнаа да шират невистини за нарушени односи меѓу нас. Верувам знаете вие, нека знаат и тие, мојата почит кон Вас постоела, постои и ќе постои а мојата слобода јавно да искажам засега различен став од вашиот, за иницијатива која е од огромно значење за нас бранителите, зборува само за мојата верба во вашиот висок демократски капацитет и почитување на различното мислење.

Почитуван претседателе Пендаровски, очекувам брза средба со вас, да седнеме на раат, заедно да ја разгледаме нашата иницијатива. Овојпат ве барам во име на поголемиот дел македонски бранители, а не како директор на ЦУК. А мнозинството од нас бранителите, не бараме ништо друго освен едно обично благодарам од врховниот командант на вооружените сили на нашата татковина, Македонија. Татковина за која се боревме, татковина за која крваревме, татковина за која бевме подготвени да умреме.
Фејсбук статус на генерал Стојанче Ангелов.