Генерал Стојанче Ангелов : МАРТИН! СПРЕМЕН СУМ!!!

0
1013

Долго размислував за зборовите на Мартин Протуѓер. Ги преслушав десетина пати. Размислував и за моите зборови упатени кон него.

stojance-angelov

Ги препрочитав десетина пати. Сум претерал. Од гласот на Мартин Протуѓер може да се види дека бил лут. Многу лут. Бесен. Затоа што поради претседателот на фудбалската федерација губеле гласови.

Тоа што злоупотребувале спортски натпревар за политички цели, тоа воопшто не му било важно. Му било важно само да ја постигне целта. Да останат на власт. Да владеат. Тоа што сакаат да владеат и не е толку страшно. Тоа што се подготвени да направат сѐ за да останат на власт… Е тоа е страшно!!! Ја гледам неговата слика на видеото од кое се слушаат закани.

Закани за убиство на жена и деца. Го гледам и си мислам. Да му пукнам еден шамар. Само еден шамар. Ќе се помоча во гаќи. Педерче. Но јас не сум како него. Јас не сум како нив. Јас сум човек. Чесен човек. Човек со достоинство, морал и борбена чест.

Човек кој смета дека проблемите можат да се решат на цивилизиран начин. Без насилство.

Но… Ако се мора. Спремен сум! Чекам! 07.03.2015 година Човек кој не даде парче бел дроб за ваква

Македонија! Генерал Ангелов