ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ ПОЛОЖИ ВЕНЕЦ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА ЗАГИНАТИТЕ МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ ОД ВОЈНИТЕ ВО ЕКС ЈУГОСЛАВИЈА

0
726

Како Националниот координатор за воени и полициски ветерани, зедно со Драган Василевски, надворешен соработник за одбрана на премиерот Зоран Заев, денеска положивме венец на споменикот „Мајкино скршено крило“.

Со тоа оддадовме почит на педесет и четворицата загинати припадници на поранешната ЈНА, кои настрадаа на просторите на поранешна Југославија за време на војната во 1991/92 година.

Армијата ја организираше церемонијата за полагање венци и цвеќе со воени почести по повод поменот на припадниците на поранешната ЈНА, кои загинаа во војните при распадот на СФР Југославија, а потекнуваа од нашата држава.

На настанот, кој е во организација на „Здружението на воени инвалиди и загинати од Македонија 91/92“ во соработка со Националниот координатор за воени и полициски ветерани Ангелов, присуствуваа и положија цвеќе и претставници на семејствата на воените инвалиди, членови на семејствата на загинатите од воениот конфликт при распадот на СФРЈ, како и делегација на Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и делегации предводени од началникот на Генералштабот на АРСМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и од градоначалниците на Општина Центар и на Град Скопје, Саша Богдановиќ и Петре Шилегов.