ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: ЗАБРАНУВАМ НАПАДИ ВРЗ ПОЛИЦИЈАТА!!!

0
645

Секој оној кој вечерва ќе фрли било каков предмет кон ПОЛИЦИЈАТА ќе го сметаме за провокатор. Секој оној кој вечерва ќе нападне ПОЛИЦАЕЦ јас лично, со моите луѓе, ќе го совладам и предадам на полицијата. 
Убави и налутени луѓе!!!

Нашиот револт го предизвика овој ненароден, криминален и корумпиран режим а не полицијата! Нашиот гнев го предизвика заштитникот на криминалците Ѓорѓе Иванов а не полицајците! Нашиот бес го предизивика аболицираниот криминалец Никола Груевски а не полицијата!!!

Револтирани луѓе!!! Овие неколку дена добив стотина пораки од полицајците кои стојат во кордоните пред нас. Со некои од нив сум работел заедно, на некои од нив сум им бил старешина, со некои од нив сум војувал. Некои пак воопшто не ги знам. Заедничко за сите нив е нивниот очај. Очајот од сознанието дека за жал, вршејки ја нивната должност, штитат криминалци. Но луѓе!!! Полицајците не се виновни затоа што штитат криминалци. Тие не се виновни затоа што Никола Груевски е премиер. Ниту затоа што Ѓорге Иванов е претседател. Интересно е тоа што повеќето од нив бараат да се собереме многу. Да се собереме ептен многу. Да се собереме 100.000. Дури тогаш тие ќе престанат да стојат спроти нас. Дури тогаш тие ќе застанат пред нас. Свртени со грбот кон нас. Дотогаш, тие се должни да ги извршуваат нивните наредби.

Луѓе!!! Овие неколку дена добив и повеќе стотици пораки од убави и чесни луѓе во кои загрижено ми пишуваат дека би излегле на протест но само тогаш кога ќе знаат дека ќе се вратат дома живи и здрави. И слободни. Без шинати нозе. Без скршени глави.

Затоа!!!Се гледаме во 18.00 часот пред СЈО!!! Без насилство!!! Со масовност!!!

Фејсбук статус на ген.Стојанче Ангелов