Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ ЖЕСТОКО ГО ЗАПУКА МИЛЕНКО КУРТОНОТ РЕЖИМСКИ ВРХОВИСТИЧКИ

МИЛЕНКО БЕ! СРЦЕ СИ 🙂

Миленко. Пак се закачаш. Пак ме правиш лом. “Пиратоловецот, спонзорушата на Гуштеров, седнатиот во скут на БЦ…, не знае кум да си одбере, а сака држава да води?!“

stojance-angelov

Миленко бе! Добре бе, глуп ли си или глуп на сила се правиш? Колку пати треба да ти повторам дека јас не ловам пирати. Напротив, пиратите ме ловат мене. Јас само штитам. Ги штитам бродовите кои пиратите ги ловат.

Миленко. И пиратите се луѓе. Луѓе кои напаѓаат бродови за пари. Јас пак, ги бранам бродовите за пари. Ти Миленко јадеш “бурек“ за пари… И, до тука се е во ред. Ништо страшно. Секој си го работи она што најдобро го знае. Страшно е тоа што ти Миленко мразиш. Шириш омраза. Како зараза. За пари. Ја шириш омразата помеѓу Македонците. За грчки пари…

Но Миленко, јас нема да ти дозволам да уживаш. Да ме мразиш. Барем не мене. Бидејки, јас Миленко не те мразам тебе! Не те ни сакам, но чудно, почна да ми стануваш симпатичен. Почнав да уживам да те гледам. Затоа што, таква убавина… Ретко се гледа. Да те гледам како, заедно со Мирко, Латас и Јанко, бранете нешто што не се брани. Бранете нешто неодбранливо. Како бесни пци. Понекогаш, си мислам, можно ли е да веруваат во тоа што го тропаат? Но не, не сте вие толку глупи.

“Спонзоруша“ на Гуштеров??? Миленко бе. Си ме напишал во женски род. Луѓе. Ќе умрам. Ова боли. Ова навистина боли. Расниот Македонец Миленко ме нарекува “спонзоруша“! Миленко. Во право си. Признавам. Ја сум “спонзоруша“. А ти Миленко. Ти си мажиште. Ти си расен македонски мажјак!

Велиш “седнатиот во скут на Б.Ц.“. Еј, не ми се верува. Уште со тој Бранко. Што ли ти правел тој Бранко та уште да не можеш да го заборавиш. Абе алоооо! Бранко е во пензија. Заев е шеф! На опозицијата. Не на мене. Ние сме “Достоинство“. Ние сме сами. Независни. Со 9.300 македонски гласа.

Во последните зборови велиш, “не знае кум да си одбере, а сака држава да води“.

Миленко бе. За бирање кум ќе одам на обука кај твојот шеф Груевски. Тој е стручњак за кумови. Каков кум си одбрал. Лепота. Е сега, кумот му` малку го смета за лудак, му иде да му напише иди у пич.. мајч…, му се иде да го тресне со телефонот по тоа главата, но тоа е од љубов. Од што се сакаат. Од што се почитуваат.

Миленко. За мојата желба држава да водам, вие сте криви. Целосно ги спуштивте критериумите. На нула. После Груевски, Јанкулоска, Миле… Јас му доаѓам нешто како мелем. На гнојна рана! И јас нема држава да водам. Но, ако треба, во МВР ќе одам! Колку да ве потсредам…

П.С. На тебе, Латас и Мирко, специјално, ќе ви го викнам и Бранко!

П.П.С. Миленко! Колку лајкови имаш на постовите кај што јадеш “бурек“ за мене? Само 70? Зошто бе така? Ај сега, погледни долу, колку лајкови има овде.

08.03.2015 година
Генерал Ангелов

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ