Генералот Ангелов пролеал крв за Македонија а Груевски купувал станови

0
686

Поминав низ центарот на Скопје забележав графити со следната содржина; „Стојанче Ангелов + УЧК“. Посебно ме предизвика да реагирам реченицата „Зошто се боревме“. Каконада од напади врз генералот Ангелов секојдневно има на владините медиуми.

mitko-Jovanov-slika-za-kolumni1

Нарачателите и реализаторите на нападите на генералот Ангелов на секој можен начин користејќи ги медиумите, ниту се бореле во 2001 година, уште помалку ја разбираат состојбата која ни се случи во 2001 година. Голем дел од нивверојатно ги извртуваат фактите, односно лажат или пак  глумат дека не им е јасно.

Генералот Ангелов не го познавам освен преку неговите јавни ангажмани околу враќањето на слободата и демократијата во државата. Токму преку неговите ангажмани што пред се граѓанска должност, тој одржува лекции како се сака Македонија. Тој се бори сега да се објават снимките на МТВ кои ги објавува Зоран Заев, лидерот на СДСМ и опозицијата-човекот кој нема страв вистината да ја обелодени.

Колку што знам генералот Ангелов бил тешко ранет во 2001 година и одвај преживеал. Многупати медиумите објавиле дека Никола Груевски, тогашен министер за финансии, купувал станови токму во 2001 година и на денот кога загинаа бранителите кај Карпалак. Тогаш Груевски набавил блиндиран џип за да се вози како министер а што направи тогашната Влада во која министер за финансии бил токму Груевски што направил да ги заштити и опреми подобро бранителите кои биле на борбените позиции.

Во оваа прилика нема потреба повеќе да образложуваме, секој од нас е способен да ја оцени вистината и да не робува на манипулациите односно да не биде роб на узурпаторите на државата кои ги користат ресурсите за да манипулираат со граѓаните.

Со лагите и манипулациите врз генералот Ангелов се напаѓа Македонија, бидејќи токму Ангелов и многу други пролеале крв за оваа држава а дел ги изгубија животите.

Митко Јованов