Friday, December 13, 2024
-0.2 C
Skopje

ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО, СТОЛТЕНБЕРГ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ДОАЃА ВО СКОПЈЕ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, следната недела доаѓа во дводневна посета на Македонија.

По пристигнувањето, тој ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски и со собранискиот спикер Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во парламентот. Вториот ден од посетата на земјава шефот на НАТО ќе го започне со билатерална средба со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе учествува на неформалниот состанок на лидери на НАТО-сојузници од регионот чиј домаќин е С Македонија.

„Генералниот секретар на НАТО и премиерот на С Македонија, Димитар Ковачевски, ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија – премиерот Еди Рама, Република Хрватска – претседателот Зоран Милановиќ, Република Црна Гора – премиерот Милојко Спајиќ и Република Словенија – премиерот Роберт Голоб“, соопштија од владината прес-служба.Турнејата низ земјите од Западен Балкан шефот на НАТО ќе ја започне в недела попладне со посета на Сараево, а оттаму в понеделник ќе замине во Приштина. Во вторник ќе престојува во Белград, а четиридневната турнеја низ Западен Балкан ќе ја заврши со посетата на Македонија.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ