ГДЕ ПАРЕ ВРТЕ БУРГИЈА НЕЧЕ – САШО МИЈАЛКОВ ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР, АПЕЛАЦИЈА ГО ОСЛОБОДИ ПО ВТОРПАТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

0
805

Едниот од тројцата апелациони судии кои гласал и пред една недела за притворот на Мијалков, а кој по ослободувањето веднаш отишол нна боледување, се вратил денеска да гласа и за овој притвор (Фото: СДК.МК)

Како што одлучи за „Трезор“ пред неколку дена, така и овојпат за „Плацеви на Водно“, Апелациониот суд Скопје му ја укина одлуката за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков.

 

Во случајот „Трезор“, каде што Мијалков првостепено е осуден на 8 години затвор, прифатена е понудена гаранција од 11,1 милион евра во движен и недвижен имот. Таа уште е на сила. Затоа, велат од Апелација за САКАМДАКАЖАМ.МК, денеска со новата одлука за притворот не се спомнува гаранција, бидејќи судот веќе ја прифатил за другиот предмет.

 

Треба само хипотеката на имотот да се впише во Катастар и Мијалков излегува на слобода. Со оглед на тоа дека одбраната тврдеше дека хипотеката е веднаш впишана, а нивниот клиент и покрај тоа, беше поклопен со друга одлука за притвор дента кога беше ослободен, значи тој може да излезе уште веднаш.

Неофицијално дознаваме дека една од најголемите банки дала согласност за хипотеката на Мијалков за да го ослободи Апелација. Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција велат дека овие 11 милиони евра што ги прифати Апелациониот суд се имот под хипотека, имот кој не е во (апсолутно) владение на Мијалков, и поради тоа не можел да биде замрзнат во предметот „Империја“. Велат дека тоа е укажано пред Основниот кривичен суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје, но првиот суд постапил по законот, вториот не.

Советот од тројца судии од Апелација не е целосно истиот кој го ослободи Мијалков во „Трезор“, но во судот зборат дека едниот од нив, кој ненадејно се разболе откако гласаше за ослободување во тој предмет и отвори боледување на неодредено време, оздравел денеска и се вратил на работа да гласа во одлучувањето и за притворот во „Плацеви на Водно“.

На 22 декември, во еден ден паднаа две одлуки за притвор против Мијалков. Само што дента го ослободи Апелациониот суд Скопје за предметот „Трезор“, каде што е осуден првостепено на 8 години затвор, вечерта Kривичен совет од Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30 дена притвор за „Плацеви на Водно“, за кој веќе подолго време сообвинетиот Јордан Камчев е во Шутка. По одлуката дека се ослободува од притвор, а добива мерки на претпазливост, обвинителката Лиле Стефанова веднаш побарала мерка притвор за Мијалков, поради опасност од бегство во случајот „Плацеви на Водно“.

Извор : СДК.МК