ГАШИ : НЕ МОЖАМ ДА ИМАМ АНИМОЗИТЕТ КОН МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

0
230

-Јас немам проблем со македонскиот јазик, јас го учам и го зборувам македонскиот јазик истовремено со албанскиот јазик од моите први години, јас сум израснат во средина со македонски, така што не памтам кога сум почнал да зборувам македонски што значи дека не можам да имам анимозитет кон македонскиот јазик.

Конститутивната седница беше подготвена од службите на собранието кои се исклучително професионални, имавме претседавач и да беше прочитана заклетвата првпат на македонски ќе ја прочитав на македонски, да беше на албански ќе ја прочитав на албански. Мислам дека е тоа технички дел и дека е важно што се прочита и на македонски и тука треба да се апсолвира тоа прашање затоа што нема никаква суштина – рече Гаши.