Wednesday, November 6, 2024
14.8 C
Skopje

ГАШИ : НЕМАМЕ ПРОБЛЕМ СО ВКЛУЧУВАЊЕТО НА БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ, НО БАРАМЕ ГАРАНЦИИ ДЕКА ЌЕ НЕМА НОВИ УСЛОВУВАЊА ОД БУГАРИЈА

Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, во интервју за „Дојче веле“ од Берлин изјави дека нема проблем Бугарите да бидат дел од Уставот, но посочи дека е потребно да се добијат гаранции дека „нема да има следен услов веднаш по тоа“.

-Немаме никаков проблем со тоа Бугарите да бидат дел од Уставот, но, очекуваме гаранции дека веднаш потоа нема да има следен услов – изјави Гаши.

Гаши истакна дека Скопје сака процесот за пристапување во ЕУ да продолжи што побргу, особено по официјалниот старт на преговорите на Албанија минатата недела.

Тој го нагласи проблемот со „предвидливоста на процесот“ и потенцираше дека „нема дилема“ во владата дека земјата треба да го продолжи европскиот пат.

-Нашиот проблем е со предвидливоста на процесот, и гаранциите дека веднаш потоа ќе нема следно прашање или следен услов кој се однесува на историски и идентитетски прашања – вели Гаши.

На прашањето дали Германија би можела да се вклучи како посредник, Гаши рече дека Македонија и Бугарија имаат капацитет сами да постигнат договор.

-Секако, секаква помош е добредојдена за нас… за нас е битно процесот на евроинтеграција да продолжи што побргу – рече тој и додаде дека иако идентитетските прашања не ги засегаат Албанците директно сите етнички заедници заедно стојат во одбрана на македонскиот идентитет и евроинтеграцијата на земјата.

ОВАА НЕДЕЛА

ГОРИ БЕЗИСТЕНОТ ВО СТРУГА

Гори Безистенот лоциран во центарот на Струга, во старото...

ТРАМП ОСВОИ ПОБЕДА ВО ПЕНСИЛВАНИЈА И Е НА ЧЕКОР ДО НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ МАНДАТ

Републиканскиот кандидат и поранешен претседател на САД, Доналд Трамп,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ