ГАШИ : БРУТАЛНО ГО РАСКИНАА ПОЛИТИЧКИОТ ДОГОВОР СО НАС

0
541

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши додаде дека неговата партија ќе биде посветена на нејзините идеолошки определби и на европскиот пат на земјава. Тој во своето обраќање се наврати на периодот од јануари 2022 година – кога Алтернатива му се приклучи на владејачкото мнозинство.

„Другата страна не го спроведе ниту политичкиот ниту кадровскиот договор, а на крај, тие еднострано, брутално, го раскинаа договорот и решија да го раздвојат патот со нас, вклучувајќи друга партија во парламентарното мнозинство“, рече тој.