ГАШИ : „АКО КУРТИ ФОРМИРА ЗСО, ЌЕ ЈА ГАЃАМ НЕГОВАТА КУЌА СО `МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ`“

0
449

Шкељзен Гаши – екс советник на премиерот на Косово, Албин Курти рече дека ќе ја гаѓа куќата на косовскиот премиер со „молотов коктел“ доколку тој формира Заедница на срспки општини во земјата.„Овде сите знаеме да читаме и пишуваме, ако се покаже дека Курти во финалниот документ предвидува овластувања за Србите, кои се исти како договорот од 2013 и 2015 година, тогаш нема да се задржувам на критиките, ниту на протести“, порача Гаши, пренесе „Зери“.

Тој додаде дека ќе го направи она што го кажа Крути кога рече „ако се формира заедница, ќе фрлате ‘молотови коктели’ врз владата“.Ќе отидам во неговата куќа и ќе фрлам „молотови коктели“, рече Гаши.