Пред еден месец, Гаревски изјави дека експертизата не би смеело да биде повеќе од 20 дена и таа ќе покаже дали треба санација и каква.
– Во интерес на граѓаните и градот јас велам дека било што и да се прави понатака дали санација, експертизата покажува дека санацијата ќе биде само освежување, мора да се извадат цевките, не може без вадење на цевките. Дури, паралелно може да се направи вадење и санација да би можело што побрзо да се оди на пробно товарање, рече тој.Според него, „топката“ како што посочи, е кај Топлификација, таа, како што вели, за кој било тип на санација мора да ги извади цевките.
По повикот од Регулаторната комисија за енергетика за што поскоро санирање на топловодот, што исто така беше зафатен од пожарот на 12. минатиот месец, се огласија од ЕСМ дистрибуција од каде порачаа дека тоа ќе биде направено во најкраток можен рок.
– Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании. ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, соопштија од ЕСМ Дистрибуција неодамна.
Оттаму уверуваат дека и покрај опожарувањето на мостот, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023, ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска викендот најави дека мостот „Беласица“ ќе се санира многу брзо затоа што, како што рече, се однесува на козметичко рефреширање на она кое што е паднато во делот на бетонот и оти наскоро, односно неделава, мостот ќе биде пуштен повторно во употреба.