Гардијан ги поврзува претседателот на британските конзервативци и Орце Камчев со оф-шор фирма

0
521

gar

Претседателот на британската Конзервативна партија, Ендру Фелдман се соочува со прашања во врска со неговиот поранешен бизнис партнер во контроверзниот заеднички бизнис договор за хотел во земјата пододена од криза, Македонија, пишува британскиот весник Гардијан.

Фелдман, универзитетски пријател на премиерот Дејвид Камерон, одбива да го открие идентитетот на неговиот поранешен бизнис соработници во оваа балканска земја, кој работи преку фирма регистрирана во оф-шор даночен рај.

Слаѓана Тасева, директор на организацијата за борба против корупцијата Transparency International во Македонија, вели дека има сериозна загриженост дека македонските политичари и нивните сојузници користат оф-шор компании преку кои купуваат земјиштето и имот.

„Лицемерно е што британските политичари им помагаат да го задржат идентитетот во тајност”, вели Тасева.

Компанијата на Фелдман „Jayroma“, влезе во партнерство во 2008 година со „Rigo Holding“, која е формирана во холандските Антили, карипски даночен рај.

Повеќе може да прочитате ОВДЕ.