Општина Гази Баба распиша јавен повик за доделување на по 25 стипендии на талентирани ученици и ученици спортисти, како и пет стипендии на ученици со посебни образовни потреби. Износот на стипендијата изнесува 3.000 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа општина Гази Баба.
Стипендијата се исплаќа од први до петти во текот на месецот за претходниот месец, девет месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од месец октомври од тековната календарска година заклучно со месец јуни од наредната календарска година – информира градоначалникот Бобан Стефковски.