ГАЗИ БАБА: Компанијата #Енергомонт донира таблети за учениците кои не можат да си дозволат технички уред за следење на онлајн настава

0
314

Искрено се заблагодарувам на сите општествено-одговорни компании и поединци кои ме контактираат и се приклучуваат на апелот на Општина Гази Баба и донираат таблети за дел од учениците во основните училишта од #ГазиБаба.

Само заедно можеме да ги надминеме предизвиците кои се јавија ланската учебна година кога дел од учениците не беа во можност да набават технички уред или во исто време, на еден уред, наставата треба да ја следат две или повеќе деца од едно семејство.

Обезбедуваме еднаков пристап до образованието за сите ученици.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски.