Во казнено-поправната установа „Идризово“ вчера било пријавено дека околу 15 часот во установата починал осуденикот А.А. (65) од село Строгомиште, Кичевско, соопшти МВР.
„Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Известен бил Јавен обвинител и по негова наредба телото на починатиот било предадено за обдукција. Извршен бил увид“, велат од полицијата.