Saturday, November 9, 2024
-2.2 C
Skopje

ВУЈКО СЕМ ОД САД ИМ ПОРАЧА НА ДУИ ДА ЗАБОРАВАТ НА ПРЕМИЕР АЛБАНЕЦ: ПРЕМИЕР СЕ БИРА СО МНОЗИНСТВО ПРАТЕНИЦИ БЕЗ ОГЛЕД НА ЕТНИЧКАТА ПРИПАДНОСТ, ВЕЛИ АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДОРКА КЕЈТ БРНЗ

Новата влада ќе мора да постави свои приоритети сега кога е овозможено членството во НАТО и напредокот кон ЕУ. – Од најавата за обраќањето на амбасадорката Кејт Брнз на 4 Јули (Фото: Фејсбук/Американска амбасада)

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнз во интервју за весникот на албански јазик „Коха” на прашањето што мисли за барањето на ДУИ идниот премиер на Владата да биде Албанец, рече дека плуралистички систем во земјава овозможува за тоа да одлучи парламентарното мнозинство, без оглед на етничката припадност.

„Зависи од мнозинството во парламентот кое ќе ја изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се по природа на вашиот парламентарен систем одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност”, рече американската амбасадорка.

Таа кажа дека новата влада ќе мора да постави свои приоритети сега кога е овозможено членството во НАТО и напредокот кон ЕУ.

„Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес. Најважно е да не се изгуби моментот“, рече Кејт Мари Брнз.

Зборувајќи за помошта на САД во пандемијата со коронавирус, таа наведе дека досега на Македонија ѝ се дадени над 2,7 милиони американски долари за спроведување со кризата.

„Американската помош ги поддржа владините напори, вклучително и оние предводени од Министерството за Здравство, за Образование и Наука; Државна изборна Комисија; и за спроведување на законот, судските и инспекциските органи. Ние, исто така, поддржувавме иницијативи на приватниот сектор, како што се оние предводени од микрофинансиски институции, како и оние предводени од граѓански организации, вклучително и националните и локалните поглавја на Црвениот крст“, кажа американската амбасадорка.

Оттаму, рече таа, новата влада треба да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со КОВИД-19.

ОВАА НЕДЕЛА

ТЕТИН ОД ПРИЛЕП ЈА ДОПИРАЛ ПО ТЕЛОТО МАЛОЛЕТНАТА ВНУКА ОД БИТОЛА

МВР информира дека рано утринава, два часа по полноќ...

ШОКАНТНО : ПРОНАЈДЕНИ ТЕЛА НА ТРОЈЦА МАЖИ ПОКРАЈ РЕКАТА ВАРДАР

Во Скопје вчера беа пронајдени тела на тројца мажи...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ