Српскиот претседател Александар Вучиќ изјавил дека министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ “покажал одговорност” со неговата оставка, додавајќи дека тој “не го принудил Весиќ да поднесе оставка”, но како што дополни Весиќ ќе остане во Српската прогресивна партија и тие таму ќе “работаат заедно”., објавија српските медиуми.
Вучиќ изјавил дека истрагата за несреќата на железничката станица во Нови Сад ќе биде “многу тешка” за обвинителството, експертите и судиите, додавајќи дека не знае точно кој е виновен за оваа несреќа.
Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, објави на вонредна прес-конференција дека официјално ќе поднесе оставка од таа позиција утре наутро.
Тој изјавил дека поднел оставка од морални причини.