Thursday, April 17, 2025
21.8 C
Skopje

ВУЧИЌ: ОДИМЕ КОН ВОЕН СОЈУЗ СО УНГАРИЈА

Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата со унгарскиот министер за одбрана Кшиштоф Шалај-Бобровнички изјави дека Србија има најразвиена и најинтензивна одбранбена соработка со Унгарија во регионот и изрази уверување дека договорот за заеднички активности ќе продолжи во натамошното зближување и создавање на воен сојуз или алијанса меѓу Србија и Унгарија. „Се разбира, за тоа се прашува унгарската страна, за тоа се прашуваат унгарскиот и српскиот парламент“, рече Вучиќ на заедничката конференција.

Тој рече дека денеска е потпишан документ со кој се операционализира и прецизира договорот за стратешка соработка во областа на одбраната постигнат во 2023 година. „Областа на одбраната е еден од најважните аспекти на нашата сеопфатна стратешка соработка, Србија, според бројот и важноста на заедничките активности, има најразвиена и најинтензивна соработка на полето на одбраната со Унгарија“, рече Вучиќ.

Тој истакна дека клучните елементи на овие односи се воено-воената соработка, што се рефлектира преку спроведување на билатерални и мултинационални вежби, како и воено-техничката соработка во областите на набавка на системи и оружје. Документот што денеска го потпишаа двајцата министри го операционализира и конкретизира договорот за стратешка соработка во областа на одбраната постигнат во 2023 година.

„Договоривме најголем број активности за оваа година. „Досега 79, речиси двојно повеќе отколку во 2023 година кога имавме 48, а тоа што го договоривме со нашите унгарски пријатели е од огромно значење за нас“, рече Вучиќ.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ