ВУЧИЌ НА ГЕНЕРАЛНОТО СОБРАНИЕ НА ОН : ЗОШТО НЕ СЕ ПОЧИТУВААТ ПОВЕЛБАТА И РЕЗОЛУЦИЈАТА 1244 НА ОН КОГА СЕ РАБОТИ ЗА СРБИЈА

0
86

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Њујорк на генералната дебата на 79. сесија на Генералното собрание на ОН изјави дека Пандорината кутија кога станува збор за заканата од меѓународното право не била отворена со нападот на Украина многу порано и праша зошто големите лидери кога зборуваат за потребата Украина да биде слободна, да ги почитуваат ОН и нејзината повелба, не ја почитуваат повелбата и резолуцијата 1244 кога станува збор за територијалниот интегритет на Србија.

Тој посочи дека падот на современиот свет започна кога Повелбата на ОН беше дискредитирана и кога престана да верува во правото и почна да се потпира на сила. „Ќе ви објаснам со примерот на мојата земја, како е уништена и газена и како и денес поради својата издржливост и слободарска традиција е мало камче во чевелот на моќниците“, рече Вучиќ во својот говор учесниците на 79. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.

– Во момент кога светот е на работ на катастрофа, сите наводно бранат принципи, а никој освен малите земји не признава никаква грешка и не почитува ниту еден принцип, големите сили не ги интересира ниту вистината ниту правото – е дел од говорот на Вучиќ на Генералното собрание на ОН. Тој испрати уште една порака, исто така од својот говор што го одржа во Њујорк. – Како претседател на Србија, за мене најубавата земја на светот, верувам во свет заснован на вистински, а не на лажни вредности.

Верувам дека силата на земјите во развој, на сите нас кои ја кренавме главата и што се осмеливме да ја кажеме вистината, ќе биде основата на еден нов, поинаков и подобар свет. На малата, но горда Србија не и преостанува ништо друго освен да се посвети на својот економски напредок, забрзаниот раст, новите технологии, иновациите и да гледа кон иднината, да го чека моментот кога принципите на почитување на меѓународното право ќе бидат вратени на светската политичка сцена – рече Вучиќ.